еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фотографијата на Заев со Сорос хит во грчките медиуми: И Грците не го сакаат милијардерот

Фотографијата на македонскиот премиер Зоран Заев со милијардерот Џорџ Сорос од Давос осамна во сите грчки медиуми, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Како и во Македонија, така и во соседна Грција, Сорос не е сакан од дел од грчките граѓани.

Интересно е да се напомене дека дел од Грците сметаат дека Сорос работи против Грција, како што и дел од Македонци сметаат дека тој преку СДСМ работи против Македонија.

Популарност не уживаат ни германската канцеларка Ангела Меркел која ги посети двете земји пред финалето со ратификацијата на Договорот од Преспа, како и американскиот претседател Доналд Трамп, за кои дел од Грците сметаат дека работат во интерес на Заев и Македонија.

Во Македонија, пак обратно, дел од Македонците сметаат дека тие работат за интересите на Грција.

Фотографијата на Заев и Сорос, благодарение на поранешниот коалиционен партнер на грчкиот премиер Алекс Ципрас, Панос Каменос, стигна и во грчкиот Парламент, за време на дебатата за ратификација на Договорот од Преспа.

„Неслучајно, претседателот на организациите за глобализација, заедно со Фондацијата Клинтон, Џорџ Сорос, се сликаше со господинот Заев. Се сликаа заедно во Швајцарија и долу во коментар се честитките од господинот Џорџ Сорос до господинот Заев за Договорот од Преспа и во суштина, почеток на спроведувањето на планот за распаѓање на Грција, рече Каменос, кој од собраниската говорница ја покажа фотографијата на Сорос и Заев.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ги потсети Комунистите за неправдата нанесена на Егејците: Оставам на вашата совест дали ќе гласате

(ВИДЕО) Вознемирувачки сцени на протестите против Договорот од Преспа во Атина и Солун

(Вознемирувачко видео) Нападнат домот на уште една пратеничка на СИРИЗА

(ВИДЕО) Запалено македонското знаме на протестот против Договорот од Преспа во Атина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Полугола полицајка во униформа си ги покажа градите на социјалните мрежи, МВР го истражува случајот

Редакција

(Видео) Цело раководство на украинското МВР загина во хеликоптерска несреќа, меѓу загинатите и две деца

Редакција

Цените не се намалени согласно нашите очекување, следната недела дополнително ќе се прошири одлуката, вели Бектеши

Редакција