Професорот Блерим Река е кандидат за претседател на држвата на Алијансата за Албанците и Беса.
Кој е Река?
Според неговата официјална биографија, Река дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина, Косово.
Таму и магистрирал, а докторирал на истиот Универзитет и на Универзитетот во Грац, Австрија.
Моментално работи како редовен професор на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа.
Од 2006 до 2010 е амбасадор на Мисијата на РМ при Европската Унија.
На Универзитетот на Југоисточна Европа бил декан на Факултетот за јавна администрација, Проректор и Заменик-ректор за истражување.
Автор е на бројни публикации поврзани со правото, Косово, НАТО…
“Постојат две причини за мојата одлука. Првата е дека само со македонски кандидати – без ниту еден Албанец – ова мултиетничко општество ризикува да скрене во моноетничка држава, а Албанците да бидат само гласачи, но не и гласани.
Втората е дека не е доволна само интелектуална критика, без да се влезе во политичка двобој со цел да се промени ситуацијата. Критиките на Фејсбук остануваат виртуелни, додека животот е реален. Впрочем историјата ја пишуваат државнците, а интелектуалците само пишуваат за историјата„, напиша Река на својот Фејсбук профил по објавувањето на кандидатурата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Блерим Река, кандидатот за претседател на Алијансата за Албанците и Беса
Твитерџиите му направија „крвна слика„ на Пендаровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ за претседател
Има само југо: Каков имот пријавил Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ
Фото: Фејсбук/Река