еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

10 дена молк од македонските институции за скандалозното бегство на Груевски

И по десет дена откако поранешниот македонски премиер, сега пратеник, Никола Груевски на својот Фејсбук профил соопшти дека е во Унгарија (13 ноември) и дека таму ќе бара политички азил, кој во меѓувреме веќе го доби, молк од македонските институции за овој голем скандал.

Периодот е подолг за уште неколку дена, ако се смета дека Груевски ја напуштил Македонија на 10 ноември, како што изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, но за тоа нема официјална потврда од Македонија, ни од Албанија, од каде властите со сигурност знаат само кога излегол.

Сите земји од регионов низ кои била “маршутата“ на неговото бегство (Албанија, Црна Гора и Србија) излегоа со официјални информации, а единствено нема информации за тоа како побегнал, кој му помогнал и кога ја напуштил Македонија, од ниту една македонска институција: Министерството за внатрешни работи (МВР), Бирото за јавна безбедност, Министерството за надворешни работи, Управата за безбедност и контраразознавање, Финансиската полиција, Јавното Обвинителство…

Она што и е познато на јавноста е дека се водат две истраги во МВР, а предистражна постапка отвори и Јавното Обвинителство.

„Сакаме да дојдеме до конкретните информации и да ја информираме јавноста. Нам ни е важно тоа што се случило во Македонија. Контактираме со сите служби во регионот. Принципиелно би било сите институции да го заокружат тој систем и на крај да излеземе со конечна информација дали имал помош и како се случило неговото бегство“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пред неколку дена.

Во однос на информациите во медиумите дека Груевски слободно излегол од Македонија со лична карта, Спасовски истиот ден рече дека од јули 2017 година, по одземањето на патните исправи, е направен распис до сите гранични премини дека неможе да ја напушти Македонија ниту со лична карта.

„Прво треба да се лоцира одговорноста, да ги согледаме пропустите и нефункционалноста на системот во целина и ако тоа го согледаме, ќе можеме да ги отстраниме тие недостатоци за во иднина да немаме вакви ситуации. Многу е важно органите на спроведувањето на законот да имаат координација. Потребно е сите тие институции да се реформираат после 11 години заробена држава“, рече Спасовски.

Тоа е последната изјава на министерот Спасовски (и било која друга инстуција) за бегството на Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарски европратеник: Не би ме изненадило бегството на Груевски да е во договор со разузнавачките служби на другите земји на ЕУ и на САД

Груевски лаже дека братот на премиерот му сугерирал дека ќе му биде одложена казната, ако убеди пратеници да гласат за уставните измени, велат од Владата

Црногорскиот министер за надворешни: За транзитот на Груевски низ Црна Гора ги известивме македонските власти, немавме правна основа да го задржиме

Вучиќ отвори нова дилема: Груевски влегол во Албанија легално или нелегално?

Српскиот претседател Вучиќ: Еве како побегна Груевски

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од кабинетот на Пендаровски бараат Антикорупциска да ги расчисти сите сомнежи околу Еролд Муслиу

Редакција

По пауза од еден месец поради железничката несреќа, товарен воз од Атина стигна во Солун

Редакција

Пендаровски: Да се разграничи што е политички, а што историски критериум за влез во ЕУ

Редакција