Во серијал, еМагазин Ве запознава со чуварите на јавните пари.
Министер за финансии, Драган Тевдовски дојде на оваа функција од Економски факултет, каде беше избран од студентите за најинспиративен професор за 2016 година.
„Ми недостигаат предавањата, како и позитивната енергија на студентите. Иако се уште сум професор на Економскиот факултет, немам онолку време колку што би сакал за да им се посветам.
Сепак верувам дека оваа наша борба е за нив. Должни сме им на младите, на студентите, да направиме систем и држава која ќе биде дел од НАТО и ЕУ и во која ќе сакаат да живеат. Затоа во министерството се трудиме да направиме промени кои ќе создадат праведен и стабилен систем на јавни финансии“, вели тој.
Драган Тевдовски е татко на три ќерки.
Вели дека не поминува доволно време со нив, но сепак секој слободен момент го резервира за таа дружба.
Се дружат со читање книги пред спиење, гледаат цртани заедно, а во слободните викенди одат на Водно или во парк.
Интересен детал од неговиот приватен живот е дека Тевдовски пред да се посвети на науката, професионално играл фудбал.
Тој настапувал и во јуниорскиот тим на македонската фудбалска репрезентација.
Вели дека за оваа позиција, му помагаат и дисциплината, посветеноста и истрајноста кои ги имаат спортистите.
Тевдовски се уште е посветен на спортот, па често го гледаме на трки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запознајте ги чуварите на јавните пари: На директорката Лукаревска, УЈП и е втор дом
Фото: Министерство за финансии/Фејсбук/Тевдовски