По исчезнувањето на неколку лица во Скопје, од кои дел се пронајдени мртви, во недостаток на официјални информации и повеќе детали, молскавично одредни лица на социјалните мрежи почнаа да шират паника дека во градот има сериски убиец и трговци со органи.
Нивните статуси се споделуваат со брзината на светлината, а паниката помеѓу граѓаните колуминира.
Дел од нив не споделуваат шпекулации и непроверени информации од лажни профили, така да лесно може да се лоцират.
Минстерството за внатрешни работи (МВР) освен што треба да сподели повеќе информации за овие случаи, доколку ги има, и доколку може тоа да го направи, ќе треба да истражи и кои се овие лица што ја шират паниката и која е вистинската позадина на целава работа.
“Целосно ги демантираме лагите и измислиците што неодговорни поединци ги шират по социјалните мрежи со цел да предизвикаат паника кај граѓаните. МВР ја гарантира безбедноста на граѓаните!
Апсолутна лага е дека имало некакво вадење на органи или некакви слични дезинформации.
Апелираме до медиумите и јавноста да се повикуваат на официјалните податоци на институциите и да се воздржат од шпекулации што можат да ја вознемират јавноста.
Статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94% .
Апелираме уште еднаш за воздржување од шпекулации кои неосновано ја вознемируваат јавноста.
За оние пак кои со очигледна намера ја вознемируваат јавноста, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законите“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Не збори со непознати“, така ги испративме децата утрово на школо
Според пријателите, телото пронајдено во Нерези му припаѓа на исчезнатиот Атанасовски
Детален преглед: За исчезнати се водат 64 лица
Трагедија: Телото на Даниела по која се трагаше, најдено во водите на Вардар