Категорија: Топ стории

Сервис Петрол сега поседува 80% од акциите на Фабрика Карпош, понудата за преземање успешна

Понудата за преземање на Фабрика Карпош АД Скопје од страна на Сервис Петрол ДОО Скопје е успешна. Како што информираа од Комисијата за хартии од вредност, Сервис Петрол се стекнал со нови 15.270 обични акции, или 5,11% од вкупно издадените обични акции на издавачот Фабрика Карпош. Заедно со акциите што

Прочитај повеќе

Нови 48 часа притвор за Стојанче Јовановски, чија сопруга и ќерка загинаа во скопски Карпош

Основниот кривичен суд Скопје на барање на Основното јавно обвинителство Скопје му го продолжи притворот за нови 48 часа на Стојанче Јовановски, чии сопруга и шестгодишна ќерка, загинаа по пад од вискокатница во скопски Карпош. Тој е осомничен за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.

Прочитај повеќе

Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за да го смени името на државата, открива ЦИА

Документ на американската тајна служба ЦИА декласифициран во јануари годинава открива дека во 1992 година Грција му понудила финансиска помош за Македонија од 100 милиони долари на тогашниот македонски претседател Киро Глигоров, за промена на името на државата. Како што стои во документот “и покрај големата економска потреба на Македонија,

Прочитај повеќе

Како работела Лотарија на Македонија лани

Лотарија на Македонија АД Скопје лани остварила позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ 6.662 илјади денари, и позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран Биланс на успех во износ од 6.648 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Остварените вкупни приходи изнесуваат 27.859 илјади денари

Прочитај повеќе

Фершпед лани со добивка

Фершпед АД Скопје лани остварил вкупни приходи од 4.221.416 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2024 година, истите се намалени за 10,5%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Оперативните приходи во износ 4.210.071 илјади денари учествуваат со 99,7% во вкупните приходи и истите се намалени за 11%

Прочитај повеќе

Договор од 1,7 милион денари склучи МЕПСО со „Ју-см“

МЕПСО АД Скопје склучи договор за реконструкција и санација на комадни згради во трафостаници за подобрување на енергетски карактеристики, интеграција на обновливи извори на енергија и намалување на емисии на CO2, со друштвото за производство, градежништво, трговија и услуги Ју-см ДООЕЛ експорт-импорт село Гургурница, Брвеница. Договорот е во вредност од

Прочитај повеќе

Договор од 1,1 милион евра склучи ФЗО со “Некстсенс“

Фондот за здравствено осигурување склучи договор за одржување и надградба на софтверското решение од новиот централизиран ИТ систем и web порталот на Фондот, со друштвото за информатичка технологија Некстсенс ДОО Скопје. Договорот е во вредност од 69.999.995 денари или 1.138.211 евра.

Прочитај повеќе

Кој е Дритон Сулејмани, новиот заменик министер за образование

Дритон Сулејмани, од владејачката коалиција Вреди, завчера во македонското Собрание беше избран за нов заменик министер за образование и наука. За нов заменик министер за одбрана пак беше избран Адмир Шабани од истата коалиција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Адмир Шабани и Дритон Сулејмани избрани за нови заменици министри Кој е Сулејмани Тој

Прочитај повеќе

Иран негира дека нивни вооружени сили лансирале дронови кон Азербејџан

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во разговор со својот азербејџански колега негирал дека Иран е одговорен за нападот со дронови во Азербејџан и најавил истрага за инцидентот. Азербејџан затвори дел од својот воздушен простор во близина на границата со Иран на 12 часа, откако утрово се случи напад

Прочитај повеќе

Обезбедувачите спасуваа животи, да не беа тие ќе имаше повеќе жртви, рекоа сведоци на рочиштето за „Пулс“

21-годишната Мартина Ристевска, денеска сведочеше на судското рочиште за „Пулс“. Таа рече дека обезбедувачите во т.н. дискотека го жртвувале своето здравје за да спасат што повеќе животи и без нивната акција ќе имало многу повеќе жртви. Тие помагале иако и самите биле во лоша состојба и според нејзините искази, повраќале

Прочитај повеќе

„Безбедни жици за загрозени птици“: ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво започнаa проект за заштита на загрозени видови птици во земјава

Со учество на високи претставници на Делегацијата на ЕУ во земјава и на релевантни институции, во „Јуроп Хаус“ во Скопје, се одржа конференција за печат во организација на ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво (МЕД) со што официјално се одбележа почетокот на меѓународниот проект „Безбедни жици за загрозени птици“ (101216021

Прочитај повеќе

Шведска сигурно чекори кон „нула“: Стапката на пушење се намали на историски 3,7 отсто

Шведска е уште поблиску до целта да биде првата европска земја целосно без чад, откако уделот на дневни пушачи се намали на само 3,7 отсто, покажува најновиот извештај на Шведскиот совет за информирање за алкохол и други дроги (CAN).  Клучот на успехот, според шведските експерти, е во комбинацијата на ограничувања

Прочитај повеќе

Кромберг & Шуберт Македонија прогласен за „Најпосакуван работодавач“ по втор пат

На синоќешната свечена манифестација „Работодавач на годината“, организирана од водечкиот портал за посредување при вработување Vrabotuvanje.com.mk, компанијата Кромберг & Шуберт Македонија по втор пат ја потврди својата доминација на македонскиот пазар на труд, освојувајќи го престижното признание „Најпосакуван работодавач за 2026 година“. Оваа награда е резултат на најголемото независно истражување

Прочитај повеќе

dm drogerie markt добитник на признанието „Работодавач на годината“ во категоријата трговија на мало

Компанијата dm drogerie markt е добитник на признанието „Работодавач на годината 2025“ во категоријата трговија на мало, кое го доделува порталот Vrabotuvanje.com, во рамки на настанот „Најпосакуван работодавач“. Станува збор за годишен избор што се спроведува врз основа на јавно мислење и анкета. Гласањето е јавно и транспарентно, а интересот

Прочитај повеќе

Иран целосно го отвори Ормускиот теснец по примирјето помеѓу Израел и Либан

Иран целосно го отвори Ормускиот теснец по договорот за 10 дневен прекин на огнот помеѓу Израел и Либан. Токму прекинот на огнот во Либан беше еден од условите Иран да се согласи на договор со САД за завршување на војната, кој предвидува и целосно отварање на теснецот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Израел

Прочитај повеќе

СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски

Пратеничката група на опозициската СДСМ денеска поднела интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Информацијата на Фејсбук ја соопшти пратеникот на СДСМ, и поранешен министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Според него истата се темелела “на сериозни и алармантни причини: корупција и сомнежи за злоупотреба

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести